ШОК МЕЃУ ГЕРМАНЦИТЕ: Зошто полиците се празни?
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Најголемиот германски синџир на супермаркети ги испразни полиците на кои се продава странска стока, како би укажале на проблемот со расизмот и потребата од различности.
Супермаркетот Едека во Хамбург ги отстранил од рафтовите сите производи произведени надвор од Германија заменувајќи ги со пораки на кои имало пораки против расизмот.
Се верува дека после тој потег ќе следи широка кампања на Едека, најолемиот синџир на супермаркети во земјата.
Изненадените купувачи влегувале во продавницата увидувале дека поголем дел од понудата го нема, покажувајќи им како се потпрени на други земји во секојдневната набавка.
Наместо тоа, купувачите се дочекани со натписи-„полиците се прилично досадни без различности“, „нашиот избор сега е ограничен“, „вака полиците се празни без странци“, „без рзличности сме сиромашни“.
Кампањата наишла на конфликтни реакции на германските потрошувачи.
Имиграцијата е клучна тема на германската политика од одлуката на канцеларката Меркел во 2015 година да дозволи влез во земјата за повеќе од милион мигранти, од кои многумина се бегалци од Сирија.