18 Мај, 2024
0.0673

ШОК: Реал Мадрид и Манчестер нема да играат во Скопје?!

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Шок во јавноста. Поради низа пропусти на претходната Влада, Македонија може да го изгуби Супер купот соопштија од Владата..

„На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА“, соопшти вечерва Владата.

Од Владата го задолжиле Генералниот секретаријат, да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да се најде начин за одржување на УЕФА Суперкупот. Тим на УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите.

Инаку од средината на јуни почнa продажбата на билетите за најголемиот спектакл во Скопје „УЕФА Суперкупот“, кој треба да  се одигра на 8 август на Арената „Филип Втори“. Цената на билетите се движи од 15 евра до 50 евра.

Според правилата 10% од капацитетот на Арената „Филип Втори“ (33.400 седишта) ќе биде намален поради безбедноста на ВИП ложите и местата предвидени за новинарите. За македонската јавност поточно сите оние кои што ќе сакаат да го проследат дуелот меѓу победниците од Лигата на шампиони и Лигата на Европа ќе бидат на располагање околу 20.000 билети.

Досега беа поминале повеќе од 80 различни инспекции на Европската куќа на фудбалот.

Беше најавено дека нема да има целосно менување на теренот, туку само на оштетените делови. Освен работа на игралиштето, со полн интензитет се работеше и во подтрибинскиот дел. Според најавите, сите работи требаше да бидат завршени до мај. Што се случило во меѓувреме останува да се види.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада