Шокантно двојно убиство во Подгорица - Мафијашка пресметка
Објавено во: Балкан 31 Март, 2018
Ново насилство ги потресе жителите на Подгорица, откако со огнено оружје е пукано во двајца мажи кои седел во кафуле во центарот на градот.
Според инфромациите, засега непознато маскирано лице пукало во Радивое Јовановиќ и Милош Шаковиќ.
Како што неофицијално пренесува „Вијести“, двајцата, пред да се случи пукањето, седеле на различни маси во кафулето „Форум“ во центарот на градот.
Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На местото на настанот се полициски екипи и форензичари, а центарот на градот е блокиран.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, најверојатно се работи за пресметка меѓу мафијашки кланови.