ШПАНИЈА ДЕНЕС Е СРАМ ЗА ЕВРОПА: Поради пролиената крв, Каталонците ќе ја тужат владата
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2017
Шпанската влада ќе одговара пред меѓународните судови поради насилство на националната полиција во текот на забранетиот референдум во Каталонија во кој се повредени најмалку 465 луѓе, рече денес портпаролот на каталонската влада Хорди Турулј, кој Шпанија ја нарече „срам за Европа“.
„Шпанската држава многу се искомпромромитирала и на крај ќе одговара пред меѓународните судови“ рекол Турулј на конференцијата за новинари во Барселона.
Тој изразил верување дека ќе бидат пребројани милиони гласови и дека луѓето кои уште чекаат во ред како би го вметнале гласачкото ливче во кутија ќе биде овозможено тоа да го направат, бидејќи временскиот рок за гласање, како што е наведено, нема да биде продолжен.
Тој додал дека не знае кога пребројувањето на гласовите ќе биде завршено.
Каталонските власти одлучиле избиралиштата да ги затворат во 20:00 часот.
Портпаролот на каталонската влада ја нарекол Шпанија „срам за Европа“ поради начинот на кој, како што рекол, се покажала на желбата на Каталонија да одржи референдум за отцепување“.
„Ова што полицијата го прави е обично дивјаштво, тоа е меѓународен скандал...Денес Шпанија е срам за Европа“, смета Турулј.
Здравствената служба на каталонската влада соопшти претходно дека денес 465 луѓе се пријавени во болниците каде им се укажува помош после денешните судири со полицијата која се обидела да го спречи гласањето, а Турулј навел дека две лица се потешко повредени и се во критична ситуација.