Добивај вести на Viber
И официјално Шпанија денеска побара 39,5 милијарди евра помош од еврозоната за својот банкарскиот сектор. Минатата недела ЕУ одобри план за реструктуирање на четири национални банки.
Од помошта, 18 милијарди евра се за Банкиа, 9 милијарди за Каталонија Банк, 5,4 милијарди за Новагалисија Банко и 4,5 милијарди евра за Банко де Валенсија. Барањето се очекува да биде одобрено на средбата на министрите за финансии од еврозоната, во понеделник во Брисел.Владата очекува помошта да пристигне околу 12 декември.
Шпанските власти побаруваат и дополнителни 2,5 милијарди за банката Сареб.