ШПАНСКИОТ КРАЛ ЗА КАТАЛОНИЈА: Нема да се откажeме од она што заедно го градевме
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2017
Шпанскиoт крал Филипе Шестти, денеска изјави дека Каталонија засекогаш ќе остане важен дел од Шпанија, и нагласи притоа дека сите жители на државата мораат да го почитуваат Уставот и начелата на парламентарната демократија.
Според него, државата во моментов се соочува со обид за отцепување на Каталонија.
„Нема да се откажeме од она што заедно го градевме“ - изјави кралот.
Премиерот Маријано Рахој за денеска најави оддржување на вонреден состанок со своите министри, а со цел активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој пак и овозможува на централната власт да ја презеде контролата над која било од 17 автономни покраини, доколку некоја од нив не се однесува во согласност со Уставот.
Рахој вели дека ваквата мерка е оправдана затоа што Каталонија не го признава законот и ја притиска централната власт со намера за отцепување по референдумот кој се оддржа на 1 октомври.
„Главна цел на ваквите мерки е враќање на владеењето на правото бидејќи не може да постои ниту еден дел од државата каде што не се применува правото, каде што тоа не постои. Во истовреме мораме да ги вратиме институциите во нормала“ - вели тој.
Најавени се нови масовни протести во Каталонија. Околу 80 организации најавија собири на кои ќе бараат ослободување од притвор на двајцата челници на невладини организации кои заговараат независност. Тие се притворени затоа што го организирале населението да ја спречи работата на полицијата за време на референдумот.
Повеќе протести, но и тепачки имаше во Барселона откако заврши референдумот, но трпи и туризмот.