Штајнмаер префрли на Русија посебна одговорност за примирјето во Алепо
Објавено во: Свет 15 Август, 2016
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер смета дека Русија носи посебна одговорност за ситуацијата во сирискиот град Алепо.
„Русија има посебна одговорност сега во Алепо, кога станува збор за примирје и создавање на хуманитарен пристап, ситуацијата во Алепо останува сложена“ - изјавил Штајнмаер во Уралскиот федерален универзитет во Екатеринбург.
„Кога ќе дојде време за реконструкција на Сирија, Германија и Русија треба да работат заедно и во Алепо или Холмс, ова се само неколку градови“ - рекол тој и додал дека токму заедничката одговорност на двете страни ќе има најголем ефект.