02 Мај, 2024
0.2307

ШТЕДАЧИ ЕУРОСТАНДАРД: Кредит од 600 илјади евра бил даден со гаранција од само пет отсто, зошто тоа никој не го пријавил

Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Покрај надлежностите, Народна банка има и неограничени права и овластувања од издавање на дозвола за работа на банка, контроли на сите нивоа со ревизии и супервизии до одземање на дозвола за работа на банка. Меѓутоа, ваквите неограничени овластувања носат со себе и обврски и одговорности, велат во своето најново обраќање до јавноста оштетените штедачи од Еуростандард банка. 

„Во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка, Народна банка изјавува дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на банката, навремено има доставено соодветни известувања во надлежност на други институции. Без да наведе кои. И тука завршува одговорноста на Народна банка за пропаста на Еуростандард банка. Но, тоа кажува дека одговорноста за ненавременото реагирање и спречување за сторениот криминал во Еуростандард банка не може да биде лоцирана само во Народна банка туку и во други надлежни државни институции кои согласно нивните законски надлежности не реагирале на известувањата од Народна банка за да го спречат криминалот и да ги казнат сторителите на криминалните шеми со издавање на непокриени кредити во банката“, велат штедачите.

Потенцираат дека Еуростандард банка не пропадна од физичка катастрофа или физички грабеж. Пропаста на Еуростандард банка, според нив, се одвивала со „правен“ грабеж на сопственоста во депозити на граѓаните и фирмите и тоа во тек на повеќе години континуирано, почнувајќи од 2013 година па наваму.

Оштетените  депоненти посочија доделен кредит на приватна фирма од Струмица во висина од околу 600 илјади евра со гаранција од само 5 отсто од вредноста на кредитот даденa во недвижен имот пред повеќе од две години, а истиот не е вратен воопшто. Тоа е само еден од многу таквите случаи на одобрувани кредити со ултра висок кредитен ризик во кредитното портфолио на банката. Според извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник, се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити или кредити покриени единствено со меници, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик. Воедно, се констатира и некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од банката преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции. Фактите од извештајот говорат дека вкупните средства на банката биле прилично под границите на несолвентност.

Депонентите се прашуваат како е можно да Народна банка не го утврдила тоа масовно и свесно доделување на ненаплатливи и тешко наплатливи кредити со целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик, кредити кои воопшто не се враќани со години и кои очигледно биле давани за да не се вратат воопшто. Зошто кога констатирала злоупотреби кои почнале да се случуваат во банката пред неколку години, Народна банка не поднела кривични пријави за злоупотреба на службена должност и овластување на раководните луѓе од банката кои го креирале и спроведувале овoj организиран грабеж на парите од депонентите, физички и правни лица, повеќе години наназад?

„Народна банка морала да знае за овие криминални шеми кои се случувале во банката со години. Што преземала Народна банка да не заштити преку контролните и супервизорски мерки и издадени решенија? Зошто не било реагирано на време да се отстранат ваквите криминални активности свесно правени од страна на раководните луѓе во банката во содејство со избраните фирми на коишто им се делеле ултра ризични и ненаплатливи кредити? Доколку било потребно, зошто Народна банка не ја затворила Еуростандард банка уште пред неколку години за да штетата по депозитите во банката би била далеку помала отколку сега кога недостасуваат речиси 60 милиони евра проневерени и украдени пари распределени во нечии џебови. Одговорноста за овој организиран криминал освен кај раководните луѓе од банката кои го направиле истиот е и кај раководни луѓе од Народна банка кои дозволиле тој грабеж да се случи и метастазира до граници коишто се тешко замисливи и непоправливи.

Народна банката се фали дека со сите налози и 11 решенија од контроли бил детално запознаен Управниот и Надзорен одбор на Еуростандард банка, со цел да се заштити нејзиниот биланс, а со тоа и депонентите. При таков напор од Народна банка и таков стабилен банкарски систем, после неколку дена, се случува стечај на Еуростандард банка и пропаст на дел од или целата сопственост - депозитите на депонентите, без грижа и гаранција за „правна“ заштита на депозитите како сопственост на граѓаните и фирмите согласно Законот за сопственост и други стварни права“, пишуваат штедачите.

Според нив, ова случување како терк може да се повторува од сега и во иднина и да се ограбуваат депоненти од следна банка и воедно да се повторуваат оправдувањата на Народна банка, а криминалците да си тријат раце.

Народната банка и останати релеванти државни институции се одговорни најмалку поради фактот што не реагирале со време да го заштитат нашиот личен имот – парите на физичките лица и фирми депоненти на банката и дозволиле да бидеме ограбени во целост. Извештајот од стечајниот управник покажува дека во време на пандемија сме оставени на немилост на државата, лоповите од банката и фирмите преку кои се делеле нашите пари. Фактите од извештајот покажуваат и дека оваа стечајна постапка нема да биде ниту брза ниту лесна токму поради огромниот криминал којшто е направен. Поради сето тоа, државата мора да најде начин да не обештети нас депонентите, а потоа да влезе во стечајната маса и да расчисти со криминалот и да ја впаричи стечајната маса и преку наплата на личниот имот и имотот на семејствата на лоповите од банката а и сите останати кои биле вклучени во криминалот. Такви и слични примери има многу во европските земји кои во целост ги обештетиле граѓаните и фирмите депоненти на пропаднати банки. Нашата држава треба да покаже дека заслужува да биде дел од тоа европско семејство со справување на криминалот и корупцијата од овој голем скандал како прва лекција од претпристапните преговори“, пишуваат штедачите во своето обраќање до јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?