Што барале руски бомбардери кај Јапонија и Јужна Кореја?
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Руски бомбардери кои можат да носат нуклеарно оружје, прелетале над Тихиот Океан, Јапонско, Жолто и Источнокинеско Море.
Јапонија и Јужна Кореја веднаш испратиле авиони-ловци, кои ги следеле за време на нивниот премин, информираа руските власти.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека бомбардерите Ту-95МС прелетале над неутрални води, а формацијата била придружувана од авиони Су-35С и А-50 (руски авион за далечинско радарско откривање и управување).
Засега не е познато колку авиони учествувале во летот. Во соопштението стои дека тој бил претходно организиран, а не се споменува кога и зошто била спроведена мисијата.
РИА новости пишува дека бомбардерите извршиле воздушно полнење.