02 Мај, 2024
0.0260

Што ги чека нашите извозници идната година?

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Државната каса за 2019 година е скроена и ќе тежи 3,7 милијарди евра. Се предвидува повеќе пари за платите во здравството, јавната администрација, образованието, одбраната, но и за реформи во делот на социјалната заштита, политиките за вработување, а капиталните инвестиции се позиционирани на рекордни 418 милиони евра. Со ова, Владата ги постави фигурите на домашната економска шаховска табла и очекува оваа стратегија да донесе стабилност и раст за македонското стопанство во идната година.

Но, што е со оние наши компании кои најголемиот дел од приходите го остваруваат на странските пазари. Каква 2019 година ги очекува извозниците? Што ќе се случува во земјите кои се наши најзначајни надворешно трговски партнери?

Германија

Оваа мини анализа ја почнуваме со Германија и тоа не случајно. Оваа земја е наш најголем странски партнер, каде оди речиси третина од извозот, околу 2,3 милијарди евра годишно, и една од ретките земји со која имаме позитивен биланс во трговијата.

Но, неодамна дојдоа не така добри вести за нашите извозници кои соработуваат со германските компании. Како што соопшти Сојузниот завод за статистика Дестатис, германската економија во третиот квартал забележа пад на активностите на квартално ниво за првпат од почетокот на 2015 година поради послабиот извоз и продажбата на автомобили. За среќа, тамошните економисти прогнозираат дека ова забавување ќе биде краткотрајно и дека се должи на намалената лична потрошувачка затоа што граѓаните се воздржувале од купување автомобили поради неизвесноста околу воведувањето на новите еколошки стандарди. Тоа доведе до намалување на инвестициите, главно во овој сектор, а со тоа и помал извоз на германското стопанство. Оптимистички е што се очекува овој феномен да биде краткотраен инаку би можел да има сериозни последици по македонското стопанство бидејќи најголем дел од фирмите што работат во слободните економски зони произведуваат делови за автоиндустријата, а германските авто- концерни им се главни нарачатели.

Бугарија

Бугарија е втора дестинација за македонскиот извоз со испорачани стоки во вредност од 293 милиони евра во 2017 година, а во првите девет месеци од годинава тој вреди 229 милиони евра. Лани потпишаниот Договор за добрососедство и соработка ја поттикна и економската размена меѓу двете земји, па меѓусебната трговија порасна за 11 отсто, а македонскиот извоз на бугарскиот пазар за дури 31 отсто. Се очекува оваа размена да продолжи да расте и за две години да се зголеми двојно од сегашните 500 милиони евра. Во прогнозата на Европската комисија за бугарската економија за идната година се вели дека ќе остане силен динамичниот раст, главно благодарение на солидната домашна побарувачка и приватна потрошувачка поддржана од реален раст на платите, а тоа е добра вест за нашите компании.

Србија и Косово

Србија и Косово, иако веќе се две посебни држави, за македонското стопоанство имаат многу заеднички точки и карактеристики, па затоа и ќе ги разгледаме заедно. Прво, тие се наши стари и традиционални пазари, а македонските компании кога ги планираат капацитетите секогаш го имаат во предвид и пласманот до српските и до косовските потрошувачи. Но, заедничко и за двата пазари е што трговијата со нив, има многу повеќе допирни точки со политиката отколку со економијата. Поради тоа, нашите производи на овие пазари често се судруваат со блокади, ембарга, наметнати царини и други давачки кои ја отежнуваат слободната трговија. Сепак, и во такви услови во Србија лани извезовме стока во вредност од 219 милиони евра, а извозот на Косово вредеше 198 милиони евра. Економските аналитичари во прогнозите за идната година, и за двете држави, нагласуваат дека најголемо влијание ќе има политиката, како што е последниот случај со 100 отсто косовска царина за српските производи, потег што ќе предизвика сериозен дисбаланс во понудата и побарувачката.

Грција

Грција е еден од петте најзначајни трговски партнери на Македонија. Економската соработка со јужниот сосед е на многу високо ниво ако се земе во предвид тежината на политичкиот спор за името кое долго време ги обременува односите помеѓу двете земји. И покрај сложените меѓудржавни односи, Грција е голем инвеститор во земјава, а грчките компании се доминантни или меѓу главните играчи на македонскиот пазар во повеќе сектори, како банкарство, нафтна индустрија, прехрана, трговија, текстил и производство на цемент.

Сево ова, лани резултира со трговска размена од 720 милиони евра, од кои 180 милони се извоз, а 540 милиони евра увоз од Грција. Дополнителен поттик на оваа размена може да даде спроведувањето на Преспанскиот договор, со кој ќе се релаксираат односите меѓу двете земји.

Прогнозата на ЕК за идната година е дека Грција по завршувањето на Европскиот механизам за стабилност, преку кој се спаси од банкрот, ќе го одржи економскиот раст, а од суштинско значење за тоа ќе биде да се одржува реформскиот импулс.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите