27 Ноември, 2024
0.0329

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт

Објавено во: Финансии 25 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Во јули имаше благо речено стагнација, но веќе во август позначајно намалување. Која е причината, Народна банка веќе даде објаснување, а веројатно попрецизно тоа ќе го разглобуваат и аналитичарите, но бројките говорат за сериозно намалување на депозитите на граѓаните во домашните банки во август оваа година.

Ако се спореди август со јули може да се забележи дека вкупните граѓански депозити доживеале месечен пад од нешто повеќе од 53 милиони евра, сведувајќи се на ниво од 5,39 милијарди евра, откако еден месец претходно беа на ниво од 5,45 милијарди.

Гледано по видови на граѓански депозити, она што создава непријатен впечаток е дека се намалиле драстично денарските депозити, и тоа за дури 72 милиони евра, со што сега тие на крајот на август изнесуваат 2,58 милијарди евра.

Додека, пак, кај депозитите во странска валута има благо зголемување, од 18 милиони евра, со што тие во осмиот месец од годината се на нивото од 2,81 милијарди евра.

Од Народна банка во своето последно соопштение на оваа тема дадоа објаснување на што се должи ова месечно намалување, и според нив, тоа е во целост одраз на падот на депозитните пари, притоа констатирајќи дека во август сепак има годишен раст во однос на истиот месец од минатата година.

„Во август, депозитите на домаќинствата се намалени за еден отсто во однос на претходниот месец, во целост како одраз на падот на депозитните пари, во услови на остварен раст кај останатите компоненти. Во споредба со август минатата година депозитите на домаќинствата бележат раст од 7 отсто, како резултат на повисоките долгорочни депозити во странска валута и во денари и депозитните пари, а во услови на забележан пад на краткорочните депозити во странска валута“, се вели во соопштението од НБМ.

Додека, пак, ако се погледнат јулските бројки, тие говорат дека вкупните граѓански заштеди имале скромен граѓански раст од три милиони евра, во тој месец, при што растот бил главно кај денарските влогови, и тоа за 2,7 милиони евра.  

А, токму јули беше интересен за опсервација, бидејќи во тој месец се издаде граѓанската обврзница, на сума од 23,5 милиони евра. Нивната камата беше 5 отсто, повисока од онаа што ја даваат банките на штедењето, колку и да е таа зголемена во последниов период. Тоа беше причина аналитичарите да очекуваат граѓанската обврзница да ги намали граѓанските депозити во јули, но во тој месец тоа не се случи, напротив имаше благ раст. Но, затоа во август имаме сериозен пад на граѓанските заштеди, и тоа најизразен кај оние што се чуваат во денари.

Ова, пак, следува откако претходно депозитите во нашите банки растеа постојано и секој месец во целиот изминат период, па дури и во месеците на екстремно висока инфлација, која реално ги обезвреднува граѓанските заштеди. Во јуни имавме зголемување на граѓанските депозити за дури 63 милиони евра. И гледано по валута, радуваше фактот што во јунии граѓаните се повеќе го преферирале домашниот денар како опција за штедење, па дури во јуни повеќе депонирале во денари, отколку во странска валута. Или, само за еден месец, тие во јуни пораснале за 48,5 милиони евра во споредба со мај.

Ова беше причина за дополнителна радост кај монетарните кругови, кои нагласија дека заштедите во јуни ги надминале очекувањата.

Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со јуни 2023 година и натаму упатуваат на забрзан раст кај депозитите, којшто ги надмина очекувањата, со поволни поместувања во валутната и рочната структура, поточно пораст на штедењето во домашна валута и на долг рок“, напишаа во соопштение тогаш од централната банка.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот