26 Април, 2024
0.0312

Што ги топи профитите: Значаен пад на приходите од данокот на добивка

Објавено во: Економија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Државата успеала да собере во буџетот над девет милијарди денари како приход од данокот на добивка од почетокот на годината до крајот на септември. Во овие девет месеци значи сумата изнесува околу 148 милиони евра. Сепак, на годишно ниво даночните приходи по овој основ се намалиле за над 21 процент. Имено анализа на кварталните податоци покажува дека годинава од данокот на добивка, споредено со истиот период, минатата година има помали остварувања па се поставуваат прашањата – кои компании имаат послаби добивки, кој сектор потфрли и каква ќе биде профитабилноста на домашните компании до крај на годината. 

Повеќето од овие одговори секако ќе се знаат најчисто следната година – ако се анализираат податоците по сектори и годинава исклучителни резултати има банкарскиот. Сепак показателите укажуваат дека годината може да заврши и полошо во однос на минатата и за овој сектор.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека освен вкупниот пад на наплатениот данок на добивка, помалку пари се собрани и кај месечните аконтации односно за 10,6 проценти, пад има и кај даночните биланси за дури 33 проценти, а најдрастичен е падот кај задржаниот данок за странски правни лица или дури над 60 проценти. 

Единствено расте сумата собрана од данокот наплатен по основ на дивиденди и тоа за дури 64,5 проценти.

Фактор веќе пишуваше дека годинава за девет месеци од Макеоднија се излеле надвор над 200 милиони евра по оснив на исплатени дивиденди за странските акционери во домашните компании.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија