04 Мај, 2024
0.0248

Што го „билда“ растот на БДП?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Бруто-домашниот производ во Македонија се зголемил. 

Тој во 2017 година изнесува 616 600 милиони денари и во однос на 2016 година номинално е зголемен за 3.7 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2017, во однос на 2016 година, изнесува 0.2 %.

Ова е според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори. 

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2017 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20.0 %).

Финалната потрошувачка во 2017 година, во однос на 2016 година, номинално расте за 1.7 %, а во структурата на БДП учествува со 80.8 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2017 година изнесува 55.4 %.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 61.0 %, машините и опремата со 31.5 %, а останатите инвестиции со 7.5 %. 

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2017 година изнесува 135 318 милиони денари.

За споредба, според претходните податоци на Државниот завод за статистика  бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во 
однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%. Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015  година, изнесува 2.9%.

Бруто-домашниот производ во 2015 година изнесува 558 240 милиони денари и во 
однос на 2014 година номинално е зголемен за 5.8%. Реалната стапка на раст на БДП во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 3.8%.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?