20 Мај, 2024
0.2076

Што го движи Twitter напред?

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Што е твитот? Кратко известување од максимум 140 симболи кое се пишува и закачува на мрежата каде го гледаат следбениците. Звучи многу едноставно до моментот додека не дознаете дека во таа миниатурна честица од интернетот се кријат многу повеќе информации за нас отколку што претпоставуваме. За време на целиот живот на мрежата тоа мало известување е придружувано од податоци за неговиот созадавч независно дале е автоматизиран систем или човек како и за местото од каде е пуштено. Како што веќе претпоставувате точното време исто така не е тајна како десетици други ситни детали кои можат да помогнат за реконструкција на создавањето на секоја невнимателна мисла. Така на пример, по принципот на дедукција по илјада години некој модерен археолог може да открие цела една вселена од информации кои се кријат зад тие 140 симболи, исто како што сега ние го проучуваме минатото истражувајки остатоци од черепи, накит и скаменети предмети. На 7ми Ноември Twitter излезе на берзата претставувајки се како компанија вредна 14,4 милијарди долари. И покрај тоа што компанијата никогаш не забележала заработка. Уште по впечатлив е податокот што во целата историја Twitter не ја менува услугата која ја нуди. Примамливо е на твитерувањето да погледнеме како на нешто глупаво и незрело и да си го замислиме Twitter како надуен балон кој секој момент може да пукне. Но, вистината е дека зад сето тоа се крие револуционерна технологија. Оценувањето на механизмот кој го движи Twitter нaпред е клучот кон рабирањето на прашањето како една толку едноставна идеја успеа да го промени начинот на кој милиони луѓе се изрзувааат и комуницираат меѓусебно. Како се прави дискретноста на твитот? Првин треба да побарате “API клуч”, кој компанијата го овозможува слободно преку автоматизиран систем. По тоа Twitter те препраќа на веб адреса на која секој може да добие програмски код. Тој е напишан на едноставна верзија на JavaScript - наречена JSON (JavaScript Object Notation). Јазикот работи со многу полиња од наредби од кои 31 формираат твит. Така на пример, ако известувањето кое сте го објавувате на Twitter пред малку биде одобрено 25 пати од вашите следбеници во прогремскиот код тоа ќе биде обележано со “favorite_count”. Тоа е истата таа метода која агенцијата за национална безбедност на САД ја собира од телефонските разговори на американците само што овде не станува збор за разговори туку за твитови. Всушност, 140 те симболи во известувањето се помалку од 10% од целата информација која ја споделуваме. Сето тоа е јавно достапно за сите кои ќе побараат API клуч. Секој твит носи со себе и информација за точните географски координати на местото од кое е објавен. Twitter ги складира тие информации користејки ја формата GeoJSON - диалект на JSON – кој ен се контролира од социјалната мрежа а претставува општодостапен отворен стандард за локализација. Во метадатата има и поле наречено “place”, кое не ја запишува информацијата како точка врз географска картатуку го памти тoчнот место и неговото име. Така некои твитови можат да бидат искористени за поставување на граници, макар и условни, меѓу одредени области, како и за изразување на  приближно разстојание меѓу двајца корисници на мрежата. Како што веќе станува јасно, во кодот се содржи и поле  “created_at”, кое ја зачувува информацијата за точното време во кое е објавен твитот. Целата таа информација може да биде искористена за продуктивни цели. Како на пример за поставување на реклама која ќе одговара на начинот на живот на корисниците. Така може да се избере одговарачкиот момент за објавување на линк од блогот кој може да биде виден од максимален број на луѓе, може да се дознае кога целната група која ве интересира е најактивна и тн. Социјалното влијание кој определени луѓе го имаат во општетсвото исто така е интересна тема. Од метадата пакетот станува јасно за какво одобрување се радува одреден политичар или како и колку лица се согласни од неговите споделувања. Вчудоневидувачки лесно е да прераснете во експерт во анализирање на информација за корисниците на Twitter кое според експертите може да биде главен дел од новиот пазар. Еден од основните проблеми на Twitter е контролата на содржината во самите твиотви. Ако компанијата ангажира дел од вработените за следење на милијардите известување кои минуваат низ мрежата таа не би издржала ниту еден ден. Наместо тоа системот е конструиран да се саморегулира и да внимава на вредни твитови – снимки, оние кои изобилувааст со насилство и секс, како и содржини кои нарушуваат нечиј авторски права. Корисниците сами ја обележуваат според нив содржината која неодговара Во кодот е задолжително и  полето  “withheld_copyright”. Ако врз него стои “true”, модерниот археолог може да разбере дека тој твит бил потиснат од системот и содржината му била објавена како “вредна”.  Одговарачко поле пак ги складира информациите за тоа дали некое известување било забрането во некои земји и во кои точно. Кажано нај општо одговорнсота се превзема од корисниците но не од медиумот кој го претпочита принципот – Ние ти кажавме дека известувањето можеби е непријатно за тебе, зошто ти одлучи да го отвориш? Во тоа се изразува генијалноста на Twitter – тони од информации сокриени зад нешто толку едноставно првично и елементарно како 140 симболи од секојдневието кои сакаѓ да ги споделеш. Се покажа дека Twitter е повеќе од откритие. И тоа лесно се докажува. На прво место социјалната мрежа откри дека созадавањето на блог не е лесна задача. Кога се појави во 2006 година Twitter требаше да се избори со сваќањето на традиционалните медиуми дека поддрѓката на блог е исклучително едноставна. Компанијата го демократизираше споделувањето на впечатоци, создавајки услуга “microblogging”, давајки притоа можност на милиони луѓе да кажат нешто што никогаш не претпоставувале дека ќе можат да го кажат. А сега Twitter е во позиција да продава информации на рекламните компании. Twitter направи и друг пробив во индустрията, овозможувајки мобилните телефони да бидат користени како платформа за распростанување на твитовите. Компанијата го одбра вистинскиот момент и сега голем дел од нејзиниот сообраќај се реализира  токму преку смарт телефоните. Малиот размер на известувањата направи услуга да биде многу удобна  за корисниците кои започнаа да споделуваат случки од личниот живот на милионите следбендици. Twitter  го започна бизнисот со скромно прозорче на интернет портал кое не дозволуваше воведувањ ена повеќе од 140 симболи. Социјалната мрежа се поврза со интернет културата но и порасна  многу за да стане независна. Твитот е тулата од која се изградени сите осцијални мрежи на начинот на кој веб сајтовите ја структуираа светската мрежа во средината на 90тите. . Основачите на Twitter осознаа дека опкружувањето на луѓето да искористат проста и комапктна форма на комуникација открива нови полиња за изјава по однос на креативноста, поврзаноста и бизнисот. Тоа е како да искористиш малку тули со които ќе изградиш бескрајно висок објект кој цели кон небесата. Како и Facebook, Twitter стана толку голема и моќна што веќе се користи од корисниците за логирање на други сајтови – територија која беше единствена за Facebook. Twitter профилите се претворија во огромна компонента од интернет иднетитетот на секој од нас, а идеите на компанијата притискаат се повеќе сајтови да ја користат истата форма за споделување на бескраен проток на информациите. Twitter не се појавил во главата на студент. Социјалната мрежа е создадена на среќа откако нејзините основачи успеале да откријат аспект од човечкиот живот кој се експлоатира до ден денес. К. К.  

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи