Што и спрема Ердоган на турската армија?
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2016
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави во четвртокот во телевизиското интервју дека армијата ќе биде реструктуирана наскоро, пишува весникот Daily Sabah.
Државниот шеф истакнал дека имало значителни празнини во разузнавањето минатиот петок, кога беше извршен обид за државен удар во Турција.
Ердоган прецизира дека во ноќта на бунтот му се јавил на раководителот на Националната разузнавачка агенција, но не можел да се поврзе со него. Претседателот на Турција исто така, објасни дека нов обид за државен удар е можен, но нема да биде лесно, бидејќи веќе е „буден“.
„Очигледно е дека има значителни недостатоци и неуспеси во нашето разузнавање, нема никаква смисла да го криеме или негираме тоа, му кажав на шефот на националното разузнавање , додаде Ердоган.