Што ќе почасти ПОЦ за Нова година?
Објавено во: Економија 31 Декември, 2018
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈЈП Паркинзи на Општина Центар на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање надоговори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ, како што велат, ќе продолжи на 03.01.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.
Денеска, отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот, информираат од ПОЦ.