20 Декември, 2025
0.1065

Што ќе пресуди судијата: Казната за усмртувањето на Викторија, Јордан ќе ја чуе во понеделник

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022 07:12

Добивај вести на Viber

22 годишниот Јордан Ѓеоргиев во понеделник ќе ја чуе пресудата за сообраќајката во која ја усмрти младата Викторија Николова.

Јордан вчера пизна вина и рече дека се кае, дека да можел да го врати времето назад би се сменил со Викторија, за време на вчерашното сослушување.

За време на несреќата со Викторија беше и нејзиното момче.

Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

Леонид Даов и Викторија Николова, која им подлегна на повредите, се разделуваат засекогаш.

Во интервјуто за Женски магазин, дадено по протестот кој го организираа најблиските на Викторија, Леонид раскажа:

* Може ли да ни го опишете последниот ден, од утрото до часот на кобниот настан. Каде го поминавте, со што ви беше исполнет?

- Како и секој работен ден, станав и се подготвував за на работа. Викторија ми направи појадок. Го земав и заминав. Додека бев на работа, таа учеше за предметите кои требаше да ги полага на постдипломските студии. Се вратив од работа и го подготвивме едно од нашите омилени јадења. Ручавме и одлучивме да отидеме на шопинг во Сити Мол. На враќање, за жал се случи кобниот настан.

 * Како реагиравте во првите мигови по ударот?

- По ударот веднаш се најдов на земја. Прва помисла ми беше како е Викторија. Додека лежев веднаш го свртив погледот на десно и видов дека таа е многу оддалечена од мене. Собрав сила, станав и истрчав кај неа, за да ѝ пружам помош.

* На кој начин сфативте дека вашата девојка има смртни последици? 

- Сфатив кога го извикував нејзиното име, но таа не реагираше. Длабоко во себе се надевав на спротивното.


Можеби ќе ве интересира

Втор ден продолжува рушењето на времените кафеанчиња на кејот во Скопје

Втор ден продолжува рушењето на времените кафеанчиња на кејот во Скопје

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување