19 Јануари, 2022
0.0265

Што кога ќе заврши државната помош за бизнисите: “Економско закрепнување и раст по ковид“ тема на Skopje Economic Finance Forum 2021

Објавено во: Економија 02 Септември, 2021

Неколкуте финасиски пакети и државни шеми за поддршка и задржување на работните места  кои ги чинеа земјите од Европската унија над 540 милијарди евра, треба да завршат во септември во Шпанија, Холандија, Шведска и Ирска. И други држави во Унијата полека ги забавуваат програмите за помош кои сега остануваат само за најтешко погодените сектори односно за туризамот и угостителство. Сите пакети според последните податоци помогнаа да се намалат загубите на приходи за 60 милиони луѓе во екот на кризата предизвикана од пандемијата. Бизнисите и самовработените имаат пристап до милијарди евра заеми со ниски камати, грантови финансирани од државите и даночни олеснувања. Слично беше и во Република Северна Македонија, а Владата успеа да креира шест пакети за помош на економијата со кои вели  дека се спасија над 80.000 работни места. Во меѓувреме, вработените почнаа да се враќаат во канцелариите, продавниците и фабриките. Глобалните производители на автомобили работат на прилагодување на проблемите со синџирот на снабдување. Малите трговци почнаа да се враќаат на старите патеки.  Сега има општа согласност дека финансирањето на закрепнувањето и растот би било побрзо и поиздржливо доколку се мобилизира и приватниот капитал.

„Не можеме да ги користиме јавните пари за да ги надоместиме загубите во приватниот сектор засекогаш. Затоа треба да најдеме стратегија за излез , вели Гунтрам Волф, директор на „Бругел“, економско -истражувачка институција со седиште во Брисел.

Владите бараат да се пренаменат повеќе пари во области на економијата кои ветуваат иден раст.

„Клучно е да се префрлат трошоците кон сектори кои ќе ја надживеат пандемијата. Треба да ја забрзаме трансформацијата во дигитализацијата, енергијата и животната средина, вели Денис Феран, директор на Рексекод, француска економска истражувачка организација.

Но дали тогаш кога ќе се повлече државната поддршка, автоматски тоа ќе значи и ново губење на работни места. Францускиот претседател Емануел Макрон кој управува со една од најголемите економии во Европа во последниот период  ги предводи другите земји во обидот да притиснат за точка на пресврт, момент кога владината поддршка ќе станува се помала, со надеж дека ќе и помалку неопходна.

Oвие теми ќе се отворат на еден од панелите на Првата годишна меѓународна конференција Skopje Economic Finance Forum 2021„Економско закрепнување и раст по ковид“ што ќе се одржува на 6 до 7 септември во Скопје, организирана од стран на Министерството за финансии на која ќе присуствуваат високи претставници на финансиските меѓународни институции , професори, како и најеминентните експерти од областа на финансиите и економијата кај нас. На оваа конференција експертите ќе дебатираат за можни решенија, начини и гледишта за забрзување на економскиот раст и развојот на домашната, но и регионалната економија. Конференцијата ја Skopje Economic Finance Forum 2021.

А во земјава ефектите од пандемијата беа поизразени кај корпоративниот сектор, кој се соочи со пад на приходите и влошена профитабилност, а најпогодени беа компаниите од услужната дејност и микропретпријатијата.

Податоците од Централната банка покажуваат дека долгот на корпоративниот сектор во 2020 незначително се зголемил, но неговата задолженост, мерена преку учеството во БДП пораснала и го надминала десетгодишниот просек што се должи на падот на економската активност.

Дел од експертите сепак се согласуваат дека не би било фер да се стави товарот само на државните расходи, особено ако се земе предвид притисокот на буџетите од пандемијата и упатствата да останат во рамките на параметрите на критериумите од Мастрихт. Допрва ќе треба да се види кои се можностите за поголема вклученост на приватниот сектор.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата ќе надмине 100 долари за барел

Нафтата ќе надмине 100 долари за барел

СИНДИКАТОТ ПОРАЧУВА: Ќе има протести и ќе блокираме се ако се укине правото на недела неработен ден

СИНДИКАТОТ ПОРАЧУВА: Ќе има протести и ќе блокираме се ако се укине правото на недела неработен ден

ХАЏИДИНЕВ ЗА ФАКТОР: Во 2022 година планираме емисија на нова перпетуална обврзница

ХАЏИДИНЕВ ЗА ФАКТОР: Во 2022 година планираме емисија на нова перпетуална обврзница

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ: Од денес точиме горива поскапо

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ: Од денес точиме горива поскапо

ЧЕТВОРИЦА ГАЗДИ ЗАРАБОТИЈА КЛУЧ НА ВРАТА ЗОШТО ИМ НАШЛЕ РАБОТНИЦИ КОИ НЕ ТРЕБАЛО ДА РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА - Државниот инспекторат за труд ги засилува контролите

ЧЕТВОРИЦА ГАЗДИ ЗАРАБОТИЈА КЛУЧ НА ВРАТА ЗОШТО ИМ НАШЛЕ РАБОТНИЦИ КОИ НЕ ТРЕБАЛО ДА РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА - Државниот инспекторат за труд ги засилува контролите

Еден од најискусните македонски бизнисмени ќе застапува странски компании

Еден од најискусните македонски бизнисмени ќе застапува странски компании

ИНТЕРВЈУ ГЕШОВСКИ: ЕЛС како најголема доставна компанија нуди партнерство за правни и физички лица во разработен и профитабилен бизнис

ИНТЕРВЈУ ГЕШОВСКИ: ЕЛС како најголема доставна компанија нуди партнерство за правни и физички лица во разработен и профитабилен бизнис

Регистрациите на нови автомобили на најголемиот европски пазар на најниско ниво од 1985 година

Регистрациите на нови автомобили на најголемиот европски пазар на најниско ниво од 1985 година

Зошто Централните банки во светот се префрлаат од долар на злато?

Зошто Централните банки во светот се префрлаат од долар на злато?