07 Мај, 2024
0.0247

Што крие експлозивниот раст на „останати приходи“ на Комерцијална банка?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во најголема мерка благодарејќи на растот на овие приходи во периодот јули-септември банката успеала да ја зголеми нето добивката до солидни 526 милиони денари

Ставката „останати приходи од дејноста“ го крие клучот за „суперкварталната“ добивка на „Комерцијална банка“ која крајот на третиот квартал го книжи со добивка од солидни 526,2 милиони денари што е раст на ќарот за 325 милиони денари во споредба со крајот на јуни годинава.

Билансот на успех за третиот квартал на „Комерцијална банка“ покажува дека нето приходите од камати како најголема приходна ставка растат со очекувано просечно темпо  кое важи и за претходните два квартали. Нето приходот од камати на крај на септември е 2,32 милијарди денари што е над 770 милиони денари нето приход по квартал. Наспроти нив очекувано и во согласност со просечната квартална динамика расте и најголемата ставка на трошочната страна односно резервациите за кредитните пласмани. Тие на крај на третиот квартал изнесуваат 1,53 милијарди денари, а на крај на вториот квартал биле 1,08 милијарди денари. Растот е за околу половина милијарда денари што е сепка во рамки на просечен квартален раст на резервациите.

Продорот кон солидниот раст на профитот го прави „џокерот“ или , кажано со фудбалски израз „златната резерва“ , во случајот ставката останати приходи од дејноста. На крајот на септември годинава тој приход е 414 милиони денари, а во споредба со крајот на јуни пораснал за 213 милиони денари. Со други зборови банката од останати приходи за само еден квартал остварила повеќе пари одошо остварила во првите два квартали заедно. 

Тука секако е главниот генератор за толку силно изразениот раст на добивката на банката на крајот на септември. 

Мора да се истакне дека банката на крајот на септември годинава генерално има подобри приходи на нето основа и во споредба со истиот период лани. Така нето каматите пораснале за 15 милиони денари до износ од 2,32 милијарди, нето приходите од провизии и надоместоци паднале за 19 милиони денари, но останатите приходи на банката во споредба со првите девет месеци лани бележат раст за 220 милиони денари односно речиси 100 отсто повеќе во однос на лани. Нето добивката на крај на септември годинава е за 210 милиони денари повеќе од лани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?