26 Април, 2024
0.0380

Што мислат врвните новинарски имиња за нашите шанси за Европа

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Голема неизвесност и драматичност и натаму владее околу датумот за преговори кој земјава со нетрпение го очекуваше, но работите целосно се искомплицираа, откако еден од клучните европски партнери, Франција, реши и натаму да ја држи затворена вратата за земјава и за Албанија.

Последните новинарски извештаи говорат дека тврдиот став на Франција останува непроменет. Париз смета дека е потребно повеќе време за реформа на преговарачкиот процес за земјите-кандидати и дополнителни докази за борбата против корупцијата и независноста на судството во Албанија и во Македонија, велат за МИА дипломатски извори.

Медиумите доцна синоќа јавија дека заклучоците на финското претседателство, кои беа на линија на земјава да и се даде датум за старт на преговори, а во меѓувреме да се промени методологијата што ја бара Париз, не поминале на синоќешниот состанок на амбасадорите во Луксембург. Министрите за надворешни работи утре ќе се обидат да постигнат компромис.

А, Владата се уште не се откажува. Премиерот Зоран Заев утре ќе замине за Брисел,  каде, непосредно пред состанокот на највисоко ниво на Европската унија, ќе лобира за земјава да добие позитивна одлука. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во европската престолнина е уште од неделата, а денеска ќе отпатува за Луксембург. Таму веќе би требало да го чека вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој, како што јавија од Владата, денеска вонредно заминува за Луксембург и Брисел, на последни консултации и разговори со претставници на ЕУ, во очи министерскиот состанок.

Во меѓувреме,претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, вчера во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Меѓу другото, Туск, кој е силен поддржувач на нашите аспирации за членство во ЕУ и шефот на француската држва, дебатирале и за проширувањето на Унијата.

Дали земјава, во неделава пред нас која се смета како клучна, конечно ќе успее да го трасира патот кон Европа.  Ќе се насмеат ли конечно лицата на европски ориентираните Македонци или и овој пат ќе извисиме? И, дали ќе бидеме жртва на одредени превирања внатре во Унијата, или, пак, на сопствената реформска неуспешност, Фактор побара мислење од неколку искусни новинарски имиња и добри познавачи на приликите.

Слободанка Јовановска, главен и одговорен уредник на весникот „Независен“

Се бараат начини како да не ни се даде јасна одлука за преговори

„Мислам дека се бараат начини како да не ни се даде јасна одлука за преговори, да се одложи одлуката. Јасно е дека тоа е од страна на Франција. Сметам дека големата тема за која сега се одлучува во Европската унија не е дали нам или на Албанија ќе ни дадат датум за преговори, туку дали ЕУ и натаму треба да се проширува.

Зад сите овие методологии и практично изговори што се наведуваат, едноставно стои неподготвеноста да се отворат преговори со други земји, се додека не се средат состојбите внатре во Унијата. Мислам дека ќе биде многу тешко да помине одлуката за давање датум за преговори. И сметам дека дали ќе добиеме датум ќе се знае на Советот на шефови на држави и влади во четврток или во петок“, вели за Фактор Слободанка Јовановска.

Бранко Героски, новинар

Ветувањето за почеток на преговорите ќе биде придружено со нови домашни задачи 

„Оптимист сум дека Европската  унија ќе одобри почеток на преговори со нашата земја, но истовремено, не верувам дека ќе добиеме цврст, конкретен датум, од следнава причина – дефинитивно се менува концептот на кој ЕУ ќе преговара со новите земји кандидатки за членство, во насока на воспоставување многу поцврсти критериуми и очекувани резултати во текот на отворањето на поглавјата.

Македонија ќе биде препознаена како земја која се соочува со отворени проблеми, не само со соседите, туку и во поглед на недостигот на внатрешни реформи во многу области. Оттаму, мислам дека ветувањето за почеток на преговорите ќе биде придружено со нови многу сериозни домашни задачи, што ќе треба да ги исполниме во следните неколку месеци, пред да почнеме триумфално да се радуваме дека напредуваме кон Европа“, вели Бранко Героски.

Катерина Блажевска, новинар

Новата методологија што ја бара Франција не е спротивна на македонските заложби

„Ако се суди според договорите што ги постигна со соседите и реформските процеси кои ги започна, а дел и ги заврши, очекувано и нужно е македонскиот успех да биде запечатен со одлука за преговори со Европската унија. Новата методологија во процесот на проширување на која инсистира Франција, не е спротивна на македонските заложби за кредибилно валоризирање на успехот или за реверзибилен процес доколку процесот назадува или стагнира.

Ако францускиот предлог значи „и и“ а не „или или„ тоа ќе биде добро за кредибилитетот на Унијата и за интеграциската и реформска мотивација на земјите од регионов. Иако има многу непознаници во моментов околу ставот на Париз, се уште се надевам дека нема да се бара некое ново алиби кое би ја ставило во втор план или на натамошно чекање валоризацијата на постигнувањата на Северна Македонија“, вели Катерина Блажевска.

Славица Арсова, главен и одговорен уредник на вести на Сител телевизија

Граѓаните заслужуваат земјава да почне преговори со ЕУ

„Дали Европската Унија ќе донесе одлука за започнување преговори со земјава е прашање на кое веројатно одговор ќе се чека до доцните вечерни часови во петок и исклучително е тешко да се прогнозира до какво решение ќе дојдат европските лидери. Опциите иако навидум се две- да се биде или не, сепак мислам дека се повеќе на број и нема да ме изненади лидерите да покажат креативност и истовремено да ги задоволат барањата на одредени земји членки за реформа на преговарачкиот процес и очекувањата на земјите кои се надеваат на позитивна одлука и имаат направено сериозни и тешки отстапки за да напредуваат во евроинтегративниот процес. 

Граѓаните заслужуваат земјава да започне преговори со ЕУ. На сите анкети, вклучително и на истражувањата на јавното мислење правени за Детектор на Сител, поддршката за ЕУ интеграциите е исклучително висока. И не само тоа. Анкетите покажуваат дека граѓаните во процесот на пристапување очекуваат во земјава да се спроведат сериозни реформи во речиси сите сфери, реформи кои ќе го подобрат животниот стандард, ќе го подобрат владеењето на правото, ќе ги задржат младите дома.. Затоа верувам дека Унијата ќе треба да пронајде начин да ја задржи довербата во процесот на проширување, а домашните институции да испорачаат реформи кои ќе ни ја донесат Европа дома“, вели Славица Арсова.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“