Што очекува Оливер Вархеји од Македонија?
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020
Јас сум многу охрабрен по мојата посета на двете земји, кажа денеска во Брисел eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Вархеји изрази оптимизам дека Северна Македонија и Албанија се способни да ги испорачаат реформите кои се бараат од нив.
Претходно властите во Париз најавија дека нема повторно да го блокираат започнувањето на преговори со Скопје и Тирана, доколку добијат позитивни извештаи од Европската комисија во март.
Францускиот претседател Емануел Макрон се залага за реверзибилност и транспарентен процес.