04 Мај, 2024
0.0418

ШТО ОТКРИЈА ХАКЕРИТЕ: Хакирани документите на Џорџ Сорос

Објавено во: Свет 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Хакери објавија повеќе од 2500 документи на Фондацијата за отворено друштво која ја води американскиот милијардер Џорџ Сорос, а кои откриваат планови за работа, стратегија, приоритети и други активности на Сорос и опфаќаат извештаи за европските избори, миграции и азили во Европа.

Се наведува дека зад објавените документи стојат американските активисти кои сакаат да ја претстават вистината за „процесот на донесување одлуки на САД, како и за клучни елементи на американскиот политички живот“.

Американските експерти за безбедност сепак, за појавата на овие податоци сметаат дека се одговори руските хакери.

Документите, како што наведуваат агенциите, се групирани во секции, како што се географски подрачја, Светска банка и Канцеларијата на претседателот и се однесуваат на период од 2008 до 2016 година.

Според наводите на портпаролката на ФБИ Лоре Силбер, хакерите податоците на Фондацијата ги објавиле најпрво во јуни. Таа рекла дека истрагата покажала упади на интернет мрежата која ја користат членови на одборот, екипа и партнерите на фондацијата на Сорос.

Хакерите откриле и мејлови на поранешниот генерал на НАТО Филип Бридлав во кои се гледа неговиот обид да го испровоцира американскиот претседател Барак Обама да започне судир со Русија. Бридлав рекол дека украдените материјали и мејлови биле дел од државната разузнавачка операција.

Потсетува и дека Викиликс пред неколку дена објавил дека милијардерот Сорос во 2011 година и давал упатства на Хилари Клинтон како да им пристапи на тогашните немири во Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време