08 Април, 2020
0.0236

Што пишуваат бугарските медиуми за „бугарското малцинство“ во Албанија?

Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2017

ЕП го лути Скопје, ќе ги  заштити Бугарите во Албанија. Во Македонија се загрижени дека Македонците во Албанија ќе бидат прогласени за Бугари, пишува бугарската Нова тв. 

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Албанија, во која по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски беше вклучен текст кој ги потврдува правата на бугарското население во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Во документот се препорачува бугарското малцинство да биде признаено во законодавството на земјата и да му бидат гарантирани права во пракса,  пренесува Нова тв. 

Бугарската новинска агенција „Фокус“ објави материјали кои според нив, покажуваат дека бугарски села од многу одамна имало во Албанија. 

Се повикуваат на публикација, која излегла во март 1993 година во месечното општествено-културно политичко издание „Отец Паисиј" - „Бугарски села во Албанија" од бугарскиот револуционер, општественик и политичар, истакнат деец на бугарското национално-ослободително движење во Македонија, Сребро Поппетров.

„Два до три километри јужно од градот Корча, под планината  Пепелаш се распоредени речиси едно до друго двете големи, убави и целосно бугарски села Бобошица и Дренови. Бобошица брои 250 куќи со околу 1.200 лица, а Дренови 150 куќи со околу 900 лица“ - пишува „Фокус“. 

Подолу се наведува дека овие луѓе меѓу себе зборувале на бугарски јазик. 

Се споменуваат и специфични зборови од јазикот кој луѓето во селата во Албанија го зборувале. 

Можеби ќе ве интересира

НА ВИБЕР ПРАЌАЛ ПОДАТОЦИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ: Уапсен е црногорски службеник

НА ВИБЕР ПРАЌАЛ ПОДАТОЦИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ: Уапсен е црногорски службеник

Борисов: Ќе испратам заштитна облека за браќата од Македонија

Борисов: Ќе испратам заштитна облека за браќата од Македонија

КАКО ДА ГИ СЛЕДАТ НАШИТЕ СТАПКИ - Во Белград и Ниш полициски час цел викенд, ќе почне уште во петок во 15 часот

КАКО ДА ГИ СЛЕДАТ НАШИТЕ СТАПКИ - Во Белград и Ниш полициски час цел викенд, ќе почне уште во петок во 15 часот

Мангаров: Да се затвори целото општествo не е издржанo од епидемиолошка гледна точка

Мангаров: Да се затвори целото општествo не е издржанo од епидемиолошка гледна точка

НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Грците предвидоа кога ќе се оди на плажа

НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Грците предвидоа кога ќе се оди на плажа

ИМА И ТОА: Француска компанија во Србија делела откази во менза

ИМА И ТОА: Француска компанија во Србија делела откази во менза

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 24 ЧАСА - ова на Србите им го советуваат кинеските лекари

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 24 ЧАСА - ова на Србите им го советуваат кинеските лекари

Жерновски го пофали лидерот на грчката опозиција Ципрас

Жерновски го пофали лидерот на грчката опозиција Ципрас

Српскиот епидемилог Бранислав Тиодоровиќ: ОД ЈУНИ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ НОРМАЛНО, ВИРУСОТ ГО УНИШТУВААТ УЛТРАВИОЛЕТОВИТЕ ЗРАЦИ

Српскиот епидемилог Бранислав Тиодоровиќ: ОД ЈУНИ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ НОРМАЛНО, ВИРУСОТ ГО УНИШТУВААТ УЛТРАВИОЛЕТОВИТЕ ЗРАЦИ