Што побара Рикер од Христијан Мицкоски?
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019
Времето на политички игри е поминато, порача в.д. помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер, на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Рикер по средбата изјави дека се надева дека ќе види позитивно придвижување, особено кога станува збор за законот за СЈО и Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за ЕУ перспективите на земјата и отоворањето на преговорите.
„Но, на силите во оваа држава е да ја направат вистинската работа, да не играат игри и конструктивно да се придвижат заедно напред за иднината на земјата“, изјави Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.
Тој побара опозицијата да не го одолговлекува носењето на Законот за јавно обвинителство и да биде конструктивна.