Што покажува статистиката за цените на индустриските производи во август?
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2016
Во август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1.6% на месечно ниво, а се пониски за 3.4% на
годишно ниво.
Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика. Во август 2016, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 5.4%, а во секторот преработувачка индустрија за 1.2%. Во август 2016, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 5.2%, а во секторот преработувачка индустрија за 3.2%.
Во еврозоната индустриското производство во август пораснало за 1,6 % во однос на претходниот месец. Состојбата во еврозоната е таква поради силното зајакнување на индустријата во Германија.