27 Април, 2024
0.0267

Што се е прогласено за иновативно во Македонија, ефектот од дадената помош ќе се мери по три години

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Билансот на успех не е важен критериум во ко-финансирањето на иновативните проекти и проектите за помош на малите и средните претпријатија на претприемачите кои се најдоа на листата за ко-финансирање од страна на Фондот за иновации.

Дуна Компјутери i nejziniot официјален сертифициран сервисен центар за фискални уреди „Гигабел“ во ИТ-секторот ќе добијат по 10.000.000, односно 11.381.160 денари за проект за технолошки развој  „Ултима Вин“, односно за проект од областа на иновативноста со фискални системи. „Дуна“ има вкупно најголем буџет од 64.111.949 денари заедно со сопствените средства кои ги вложува.

Во машинството, лераницата на сиво и модуларно железо Каст Инвест ќе добие 9,99 милиони денари за проектот „Ја лееме нашата иднина“. Во графичарската индустрија, Гинис ДОО за „Гинис Принт 2018“ добива 9.999.338 денари. Во градежништвото, компанијата за фасади Успепор повлекува 20 милиони денари за ЕПС иновативен развојно-истражувачки технолошки систем. Фондот ќе го ко-финансира проектот „Аеросолен систем за брзо гасење пожар“ на микро-претпријатието Веда ДОО Скопје со 13.802.484 денари. Салонот за природна козметика Омега Рисрч за иновација во биохемијата ќе биде помогната со 11.180.260. 

МЗТ Инженеринг ДОО од Битола, едно од најстарите приватни претпријатија, познато по пресување железо за разни индустрии и изработка на сопствени алати, ќе биде помогнат со 16.082.500,00 за изработка на модуларни соларни кровови. Веќе докажаниот во странство АД Микросам Прилеп во секторот електроника со дополнителни 19.925.977,од Фондот ќе се обиде да воспостави проект кој можат да го разберат само научници и врвни инжењери под името „Развој на систем за роботско полагање на терморекреативни, термопластични и суви ленти на рамни и просторно криви површини“.

Брендот „Виталиа“ е добитник на 18.131.055 денари од технолошката индустрија за „Сурова храна - Иднината на здравата исхрана“, а слична сума добива и сопственикот на „Горска“ за нова амбалажа. Новоформираната англиско-македонска компанија „Елисиум“ која извезува храна за западните пазари со софистицирано пакување и дистрибуција на храна во земјоделството ќе конкурира со „Хектар 3“ со 19.881.340 денари доделени од Фондот.

„Билансот на состојба на претпријатието игра улога единствено при административната проверка на проектните апликации кои пристигнуваат на јавните повици на Фондот односно при утврдување дали компанијата е микро, мала, средна или голема и дали е соодветна за конкретниот повик или инструмент.

За јавниот повик од третиот столб, од Планот за економски раст кој што се спроведуваше преку ФИТР постојат 4 инструменти, од кои еден е исклучиво за поддршка на микро претпријатија, два инструменти се за поддршка на мали и средни претпријатија и еден е за поддршка наиновации кој е отворен за сите.

Билансот за успех не е критериум за доделување на средствата во фазите на претселекција и селекција односно одлуката за доделување на средства не се базира на постојните финансиски резултати (приходи, добивка итн.) на апликантот, туку игра улога истотака при административната проверка т.е при утврдување дали компанијата е во финансиски потешкотии или работи редовно.

Во фазата на реализација, како и три години по завршувањето, Фондот ќе ги следи билансите на компаниите од аспект на проценка на ефектите од реализираните инвестициски проекти“, истакнуваат од Фондот за иновации.

Клучни критериуи за оценувањето се: степен на иновативност (за инструмент иновации) односно на технолошки развој (за инструменти за технолошки развој), квалитет на изготвен проект, капацитет на проектен тим, потенцијал на пазар, како и влијание на проектот. 

Во фазата на претселекција, надворешните стручни лица што ги ангажира Фондот, даваат оценки за секоја апликација. Стручните лица се групирани по тројца, од кој еден е од делот на економијата, еден од маркетинг и едно стручно лице од областа во која е поднесена апликацијата (пр. земјоделство, ИТ или сл).

Селекцијатана сите апликации на јавните повици на Фондот вклучително и овој од третиот стопб, ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции. Комитетот има пет члена кои ги избира Владата на Република Македонија од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство од областа на инвестициите во иновациската дејност. Членовите се избираат под услови и критериуми утврдени во меѓународен оглас и се именуваат за период од три години. 

Согласно Законот за иновациска дејност, Комитетот ги разгледува сите апликации што поминале фаза на претселекција и одлучува по истите со гласање.

Република Македонија е на 84-то место од 126 држави во светот според послединот Глобален индекс на иновации и Владата на РМ сака преку овие мерки да ја подобри таа позиција на македонските претприемачи.

Комплетната листа на добитници, сумите и проектите можете да ја погледнете на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба