26 Април, 2024
0.0275

Што се „крчка“ кај најголемиот акционер во „Фершпед“?

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемиот акционер во „Макошпед“ за неполн месец продаде 40 отсто од своите акции во оваа шпедиција. Кои се нови сопственици на 9,7 отсто од акциите во „Макошпед“ не се знае. Ќе има ли промена во деловната политика кај компанијата која е најголем акционер во гигантот „Фершпед“?

Скопската компанија „Ултимус“, најголемиот акционер во шпедицијата „Макошпед“, во два наврати продаде 40 отсто од своите акции и за тоа доби околу 230.000 евра. „Ултимус“ по последната продажба, која се случи при крај на септември, повеќе не е најголем поединечен акционер во „Макошпед“ и сега таа улога му пропадна на скопски „МЕПКОМ“.

„Ултимус“ во два наврати во семтември продаде вкупно 76.630 акции со право на глас во „Макошпед“ во две блок трансакции од кои едната беше реализирана на 5 септември, а другата на 27 септември. Во првата трансакција беа истргувани 38.000 акции по цена од 180 денари за акција, а во втората трансакција Ултимус“ на нов сопственик продаде 38.630 акции по цена од 189 денари за акција. Сега „Ултимус“ поседува 14,18 отсто или околу 111.800 акции со право на глас. „Ултимус“ продаде 9,7 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Не се знае кои се новите сопственици на акциите што ги имаше „Ултимус“. Извесно за сега е само тоа дека има повеќе од еден сопственици затоа што да беше еден нов сопственик неговото име или назив, ако е правно лице, ќе беше впишан во јавниот регистар на сопственици на повеќе од 5 отсто акции што го води и ажурира Централниот депозитар на хартии од вредност. Иако на прв поглед личи дека акционерската структура во „Макошпед“ се уситнува реалноста може да биде спротивна на тоа што изгледа на прв поглед.

Кој е „Ултимус“?

„Ултимус“ е скопска компанија која во базата на податоци на Управата за јавни приходи е регистрирана како друштво со ограничена одговорност што значи дека има повеќе од еден сопственик. Фирмата е со седиште во скопската општина Гази Баба, а дејност и е компјутерското програмирање. Она што може да се најде за оваа програмерска фирма е тоа што освен во „Макошпед“ поседува акции и во „Технометал Вардар“ некогашен трговски гигант. Во „Технометал Вардар“ ова друштво поседува 17,2 отсто од акциите и е трет по големина акционер.

Зошто е важен „Макошпед“?

„Макошпед“ е скопска шпедиција која во период од една година стана најголем поединечен акционер во најголемата македонска шпедиција „Фершпед“. Како што пишувавме во неколку наврати , по промената на управувачката структура во „Макошпед“, лани во мај компанијата почна да купува акции во „Фершпед“ и стана најголем поединечен акционер кој поседува 12,9 отсто од сите акции со право на глас во „Фершпед“. Според консолидираниот финансиски извештај „Фершпед“ за половина година (од почеток на јануари до крај на јуни) годинава има вкупни приходи кои надминуваат 30 милиони евра. „Фершпед“ освен главниот бизнис со шпедитерски и транспортни услуги контролира доминантни пакети акции во хотелиерски бизнис во Скопје и во најголемиот хотелски комплекс во Охрид, а го контролира работењето и на најголемата скопска винарија „Сковин“.

 Како работеше „Макошпед“ во првите шест месеци?

Компанијата во првите шест месеци годинава работи значајно подобро од тоа што го работеше во истиот период лани. Очигледно дека големата промена во менаџментот дава резултат од аспект на податоците во финансиските извештаи. Приходот од продажба пораснал за 22 отсто односно 100.000 евра во споредба со лани и надмина 555.000 евра. Компанијата во овој период успеала за нијанса да ги намали оперативните расходи во споредба со истиот период лани. Тие изнесуваат помалку од 520.000 евра. Оперативната добивка за пола година е околу 45.000 евра. Лани компанијата за првото полугодие имаше оперативна загуба од 70.000 евра. Резултатот е неспоредливо подобар годинава.

Компанијата има позитивен сооднос на финансиските приходи и финансиските расходи и тоа дополнително ја зголемува добивката за 45.000 евра. На полугодие нето добивката е околу 90.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра