Што се случи со екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски од Грција?
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017
За 13 декември е одложено рочиштето на Основниот суд во Солун на кое треба да се добие одговор на барањето на Министерството за правда за екстрадицијата на бегалците Горан Грујоски и Никола Бошковски, кои се обвинети во предметот на СЈО- „Тврдина 2“.
Денешната расправа е одложена поради отсутност на адвокатка од тричлениот адвокатски тим на Грујоски и Бошкоски и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда.
Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите.
Грујоски и Бошковски остануваат во притвор во затвор во непосредна близина на Солун.
Двајцата притворени поранешни фунцкионери во УБК, во петок треба повторно да излезат пред судот во Солун, каде ќе се оддржи третото продолжение на рочиштето за фалсификуваните патни исправи со кои беа фатени на 18 октомври на аеродромот во Солун.