14 Декември, 2025
0.0551

Што си купи во Куманово фирма што ја води Даравелски? Плати еден милион евра!

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2024 09:17

Добивај вести на Viber

Во вториот обид за продажба на имот во стечај на поранешниот кумановски угостителско-хотелиерски гигант „Бисерка“ фирмата што ја води синот на Драган Даравелски, контроверзниот поранешен директор на Царинската управа, ќе плати милион евра. За сметка на тоа „Југоопрема“ ќе стане сопственик на делови од имот на три поранешни кумановски хотели на атрактивни локации во Куманово. Во најголем дел парите ќе се ги земе државата преку доверителите - фондовите за пензиско и здравство осигурување

Скопска фирма со која управува Даравелски помладиот купи дел од имотот на кумановска „Бисерка“ кој се наоѓа на атрактивни локации во центарот на Куманово - најголемата општина во Македонија. Купен е недвижен имот на хотелите „Кристал“, приземје на поранешниот хотел „Куманово“ и помошни простории на хотелот „Ку-Ба“.

Како купувач на имотот се јави скопската фирма „Југоопрема“ која според податоци од Централниот регистар е основана во 2006 година, а нејзината дејност е издавање и управување со сопствен или изнајмен недвижен имот. Компанијата вработува 4 лица, а нејзиниот основачки влог е нешто над 1,5 милиони евра.

Според најновите достапни податоци за 2022 година оваа фирма остварила приходи од 1,25 милиони евра што е раст од 50 отсто во споредна со претходната година. Добивката од работењето таа година изнесува 757.000 евра и е речиси шест пати поголема од претходната 2021 година.

Извршен директор на скопската фирма е Томислав Даравелски, син на Драган Даравелски поранешен директор на Царинската управа кој соочен со кривичен прогон во земјава долги години живееше во егзил во соседна Србија. Томислав е внук на познатиот кумановски адвокат, поранешниот, Томе Стојановски – Далавера кој во одреден временски период беше висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, но и јавна личност односно претседател на Собранието како и член на републичкиот Судски совет.

Во управувачката структура на „Југоопрема“ неизвршни членови се Викторија Џимревска и Мире Јовановски и двајцата од Куманово.

Според официјални податоци сопственик на 37 отсто од „Југоопрема“ е Наташа Маринков, странски државјанин, Србинка родена 1991 година. Маринков е сопственик од 5 декември 2022 година кога превзела 75 отсто од сопственоста врз „Југоопрема“ од Слободан Игњатов исто така српски државјанин. На 27 декември истата година вредноста на сопственоста на Маринков во „Југоопрема“ се преполовува и од тогаш изнесува 37 отсто.

 „Југоопрема“ е капитално поврзано лице со скопски „Трготекстил“ во која акционери се оф-шор компанијата „Тихама Оверсис ЛТД“ со 20 отсто акции, кумановската фирма „Козјак“ со 23,8 отсто од акциите, „Еко интернационал“ ДООЕЛ од Куманово со 10,1 отсто и скопското друштво „Продуктимпекс“ со 7,8 отсто.

Како што пренесува редакцијата СДК www.sdk.mk имотот бил купен по објавен јавен повик, а собранието на стечајни доверители ја прифатиле понудата на „Југоопрема“ вредна еден милион евра. Според нив 74 отсто од сите доверители гласале за продажбата, а меѓу нив е доминантниот доверител државата преку полномошникот државен правобранител Дејан Трајчевски. За продажбата гласале и претставници на државниот Фонд на пензиско осигурување ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и кумановската компанија “Бучен Козјак“. Ова бил втор оглас за продажба на имот во стечај на „Бисерка“ Куманово, а првиот пропаднал затоа што доверителите не ја прифатиле понудената цена која била пониска од сегашната.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје