26 Април, 2024
0.0288

Што со оние граѓани кои имаат приходи над милион денари?

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Неколку дена ќе имаат на располагање граѓаните кои што минатата година имале приходи поголеми од еден милион денари, да го прочитаат водичот на Управата за јавни приходи и да се информираат дали треба да се пријават како ДДВ обврзници во Управата за јавни приходи (УЈП). 

Во Министерство за финансии денеска беше промовиран „Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“, кој министерството го изработил заедно со Управата за јавни приходи и „Цивитакс група“ во која членуваат 14 граѓански организации.

Целта на Водичот е на едноставен начин да ги информира граѓаните дали спаѓаат во оваа група, како можат да се регистрираат за ДДВ обврзници.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, објасни дека мнозинството граѓани не се и не треба да бидат ДДВ-обврзници затоа што платите, надоместоците на плати, бонусите и слично, не се предмет на оданочување со ДДВ.

„Немаат обврска да влезат во системот на ДДВ ниту оние кои дополнително од платата прават промет помал од еден милион денари на годишно ниво, односно 83.333 денари просечно на месечно ниво. Оние кои вршат промет повисок од ова треба да видат дали сите промети им влегуваат во прагот, бидејќи постојат ослободувања и олеснувања. На пример: изнајмување на недвижен имот за станбени цели не е предмет на оданочување со ДДВ, а исто така, не подлежат на оданочување со ДДВ и давање услуги (пример: ИТ, консултантски и слично) кон странство, како и средства од грантови“, рече Тевдовски.

Водичот може да се најде на веб-страницата на УЈП и во него можат да се најдат сите детали. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра