09 Октомври, 2024
0.0405

Што треба да направите ВЕДНАШ ако наседнете на Фејсбук измама

Објавено во: Стил 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Измамниците се прилично брилијантни овие денови и одлично се претставуваат како нешто што не се како би наседнале на нивните трикови.

А кога се случи тоа, тие добиваат пристап до нашиот Фејсбук профил и нашите лични податоци, а менувањето на лозинка во тој момент не може многу да помогне.

Тие имаат пристап до вашиот профил се додека рачно не го подесите.

За среќа, тоа е лесно да се направи. А потоа, не би било лошо и да проверите кои апликации имаат регуларен пристап до вашиот профил.

За да го дознаете тоа, и евентуално да го укинете пристапот до одредени апликации, се што е потребно да направите е да кликнете на стрелката надолу во горниот десен агол на екранот од вашата Фејсбук страна и да ја изберете опцијата Settings.

Потоа изберете ја опцијата Apps која се појавува на левата страна на прозорот како би ги виделе сите апликации на кои им сте дозволиле пристап до вашиот Фејсбук профил.

Може да се случи сериозно да се изненадите кога видите колку ги има.

Измамата на која сте наседнале исто така е меѓу нив - а се што треба да направите е да кликнете на малото Х како би и го скратиле пристапот до вашиот профил.

Дури кога тоа го направите би требало да ја промените Фејсбук лозинката.