ШТРАЈК ВО НАЈАВА: Вработените во одбраната бараат 20 проценти поголеми плати
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
20 проценти поголеми плати побараа денеска вработените во одбраната на РМ.
Од Синдикатот на одбраната и безбедноста и Независниот синдикат на професионални војници најавија штрајк поради ветените а неисполнети барања.
Оттаму бараат и зголемување на надоместоците на плата за ангажирање до висина од 1.200 денари.
Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста вели дека не е среден ниту организираниот превоз за доаѓање на работа во касарните, ниту им се исплатени досегашните трошоци на вработените во Министерството за одбрана и АРМ.