14 Декември, 2025
0.4047

Шведска сака да го спаси светот

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2012 13:55

Добивај вести на Viber

 Земји и компании мора да добијат помош за да разберат како може да се заработат пари со запирање на климатските промени. Тоа е целта на подготовка на еден нов извештај, кој ќе биде финансиран од страна на Шведска и Норвешка.
Зад иницијативата стои шведската министерка за екологија Лена Ек, која денеска ќе го презентира акциониот план.
- Потребно е да ги продолжиме климатските промени со нова брзина, вели министерката Ек. Таа в недела заминува за Катар на чело на шведската делегација која ќе учествува во преговорите за продолжување на Кјото-договорот.
Лена Ек се надева дека со презентацијата на новата скандинавска идеја светските лидери ќе бидат поттикнати да преминат од зборови на дело. Во последно време повеќе извештаи, меѓу другото од Светската банка, ги опишаа последиците поради загревањето на воздухот и морињата за четири степени, а што е значително побрз развој од прогнозите пред само неколку години.
- Времето за да може да се направи нешто е преполовено, потенцира Лена Ек. Научно-економскиот извештај на скандинавските влади ќе биде делумно готов при наредната презентација на рапортот на Меѓувалдиното тело за климатски промени (МПЦЦ) во Стокхолм во септември наредната година.
- Постои очигледна потреба да се презентираат аргументи како може да се заработат пари на енергетски инвестиции, иновации, трошоци за здравјето, општо земено како да се користи паметната техника, која се воведува, но не е секогаш индустријализирана, вели шведската министерка за екологија во интервју за „Дагенс нихетер“.
Но, се чини дека сите не го делат истиот ентузиајам. Лена Ек смета на отпор од страна на земјите производители на нафта како Русија, а отпор се очекува и од Јапонија и Кина, која бележе брз економски раст. - 95 отсто од сиот лобизам е за користење на стара техника, констатира министерката Ек.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност