26 Април, 2024
0.0288

Шведската компанија ја превзеде „Сархемс“ од Ѓаковиќ

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Компанијата SHC Swedish Helicopter Consortium AB од Гетеборг од вчера ја превзеде „Сархемс“, фирмата на досегашниот основач и управител Саша Ѓаковиќ, која даде најповолна понуда за јавно-приватно партнерство и беше избрана од Владата за формирање платформа за хеликоптерски итен медицински систем и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување во Македонија.

Во наредниот период се очекува да биде потпишан договорот со Владата, а обврска на приватниот партнер е во рок од 6 месеци да изгради 8 сертифицирани хелиодроми во 8 града во Македонија. Се очекува компанијата да ги финансира своите активности преку осигурувањето иако се уште не е јасно дали 9-те милиони евра ќе изнесуваат нејзините трошоци, или пак приходите на годишно ниво, бидејќи во јавниот повик ја пишува само сумата.

Договорот треба да биде потпишан на осум години, а претходно, на почетокот од месецов од Владата беше појаснето дека државата нема да потроши ниту денар и дека двата хеликоптери и опремата ќе останат во земјата штом истиот ќе истече. Хеликоптерите и персоналот најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

„Сархемс“ заради учество на јавниот повик во Македонија беше регистрирана од извесниот Саша Ѓаковиќ, кој е дел од управувачкиот борд на SHC Swedish Helicopter Consortium AB



Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката