Шверцер на дрога од Албанија по потера фатен со кучиња
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016
Шверцер на марихуана од Република Албанија бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Блато кај Дебар. По извршената контрола било утврдено дека во автомобилот со алабански регистарски таблички има скриени најлонска ќеса со 12 килограми марихуана. Шверцерот побегнал кон албанска територија, па гранична полиција во соработка со албанските колеги тргнале во потера и благодарение на кучиња трагачи по еден час го пронашле и уапсиле.
Царинските службеници при контролата во левиот и десниот праг од возилото пронајдоа вкупно 23 пакувања наполнети со опојна дрога марихуанасо вкупна тежина од околу 12 килограми најпрво запечатени со најлонска и алуминиумска фолија, а потоа облепени со селотејп трака.
Предметот е предаден за понатамошно постапување на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа. Царинските инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа по документирање на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, против З.Л. државјанин на Република Албанија ќе поднесат кривична пријава до надлежното јавно обвинителство поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.