Шверцери со македонски цигари уапсени во Грција
Објавено во: Балкан 21 Август, 2013 12:44
Полицијата во северниот грчки град Козани упаси татко и син кои шверцувале цигари од Македонија наменети за грчкиот пазар.
Полицијата запрела автомобил со кој управувал 55-годишнен маж и во него нашла 118 кутии цигари кои немале бандероли. Уапсениот признал дека цигарите ги купил во Македонија за да ги продава во Грција. При проверката на неговиот дом во Козани, полицијата пронашла и конфискувала уште 163 кутии цигари.
Полицијата потоа извршила претрес и во продавницата чиј сопственик бил уапсениот, при што утврдила дека неговиот 23-годишен син продава нелегални цигари. При претресот на дуќанот пронадени се уште 105 илегални кутии цигари, хартија за виткање тутун, десет пакети со филтери за цигари, два тефтери во кои е водена евиденција за купување и продавање на шверцуваните цигари, 2.430 евра, лажна банкнота од 100 евра, 14.130 македонски денари, десет албански леки и 40 американски долари.
Таткото и синот се изведени пред јавниот обвинител на Козани под обвиненија за нарушување на Законот за продавање цигари и ставање во промет фалсификувани пари.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




