Силен земјотрес во Тихиот Океан
Објавено во: Свет 04 Март, 2017
Потрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 2:58 часот, во близина на Соломонови Острови во Тихиот Океан.
Ова го објави геолошко топографската служба на САД, пренесува Regnum.
Епицентарот на потресите бил на длабочина 53,7км, недалеку од јужните делови на островот Бугенвил. Нема информации за жртви и разурнувања, а исто така нема прогласена тревога за цунами. Утрово земјотреси имаше во Турција и Германија. Во Турција имало над 10 потреси.