Силен земјотрес во Тихиот океан, се стресоа острови
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2017
Земјотрес од 5,9 степени е регистриран во реонот на островите Фиџи во јужниот дел на Тихиот океан, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на информации од Европската медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 23,45 часот, а епицентарот се наоѓа на 481 километри источно од главниот град Сува. Земјотресот бил на длабочина од 33 километри. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Утрово земјотреси имаше и во Турција, Швајцарија, Романија, Грција и Италија.