Симовски кажа што понатаму со лицата кои одбиле да се попишат
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021
Минимален е бројот на граѓани што одбија попишување, но ќе бидат покренати постапки, најави директорот на Државниот завод за статисика, Апостол Симовски.
Вели дека базата на државјани е 2.400.000 државјани и од таму се влече избирачкиот список.
„Во моментов не можам да кажам точна бројка на оние кои одбија да се попишат, бидејќи треба да ги собереме сите податоци од колегите од терен. Меѓутоа, тој број е минимален. Имаше доста обиди на почетокот, но со сите тие луѓе одевме разговаравме повеќепати и најголемиот дел од тие домаќинства и граѓани одлучија да се попишат“, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во гостување на „360 степени“.
Пописот успешно се реализираше. Во земјава се попишани над 1.8 милиони граѓани.
Премиерот Зоран Заев кажа дека граѓаните кои одбиле да се попишат, треба да бидат казнети.