СИНДИКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ ОТИДОА ДА НАПОЛНАТ БАТЕРИИ НА МЕЧКИН КАМЕН - со стиснати тупаници во битката за поголеми работнички плати

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 15:43
Откако влегоа во „жестока“ пресметка со власта околу износот на минималната плата, главните синдикалци отидоа да наполнат батерии на Мечкин камен.
Објавија и заедничка фотографија, која наликува дека немаат намера да се откажат од битката за работничките права, а главна во моментов е онаа за минималната плата.
„Полниме батерии“, напиша синдикалниот лидер Слободан Трендафилов, објавувајќи фотографија со синдикалниот лидер на УПОЗ, Трпе Деаноски, Игор Герасов, лидер на СИЕР, Иван Пешевски, лидер на СГИП, и Борис Куноски, претседастел на СМИА.
Како што е познато, Трендафилов неодамна изјави дека не се откажуваат од нивното барање за зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и на сите плати, а како што рече, доколку не се исполнат барањата на ССМ, следниот пат на протест ќе ги повикаат и работниците, со повик до Владата да седне на маса и да разговара
За Трендафилов тоа што го предложи ССМ е рака за работодавачите кои сакаат да задржат квалификувани работници во Македонија, но и за Владата.
Според лидерот на ССМ, Владата се ослободува од одговорност иако е најголемиот работодавач, со 128.000 работници.
Според премиерот Христијан Мицкоски, пак, Владата донела одлука според законот, а теренот за висината на најниската плата е отворен за договор помеѓу работодавачите и работниците. Според него, минималната плата од месецов согласно методологијата која е донесена во време на СДСМ, е повисока за 1.800 денари.„Минатата влада вештачки го покачувала минималецот, а не го исплаќала во целиот јавен сектор, и сега дел од министерствата се соочуваат со тужби од вработените“, вели премиерот.
Можеби ќе ве интересира
КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување

ИСТРАГАТА ЌЕ ТРАЕ УШТЕ НАЈМАЛКУ ДВА МЕСЕЦИ: Коцевски вели 13 години ниеден инспектор од општина Кочани, не спровел проверка на објектот каде била дискотеката

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ:Сите министри за економија – Албанци од претходните влади се виновни, но сите министри за внатрешни – Македонци во истиот период се ненадлежни?!

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите
