ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

Објавено во: Македонија 13 Април, 2025 16:24
За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест .Денеска не напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи , објавија од Зоолошката градина на Фејсбук.
„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.
Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години.
Искрено ќе фалиш на целиот тим на ЗОО Скопје и зоонегувателите кои со години се грижеа за тебе. Беше една од највозрасните жители на зоолошката и чувана со многу љубов“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање
