08 Мај, 2024
0.0278

Синдикат на полицијата: Специјалци деградирани да чуваат куќарки

Објавено во: Македонија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Нови 50 решенија за припадници на Единицата за специјални задачи ЕСЗ и  ЕБР доделил директорот на Бирото за јавна безбедност. Со решенијата долгогодишни специјалци и инструктори со поминати највисоки видови на обука по светски стандарди, без никаков повод и причина се распоредени и ставени во куќарки да чуваат објекти, реагираше Синдикатот на полицијата на Македонија. Оттаму велат и дека незаконски биле решенијата на министерот за внатрешни работи со кои полициски службеници без никаков правен основ добија решенија за распоредување надвор од нивните места на живеење и претходно.

Уште не добивме одговор ни за првата тура решенија зошто работници од секторите за внатрешни работи добија незаконски решенија надвор од своите места на живеење, а сега специјалци и инструктори со повеќе од 20 години работно искуство се прераспоредуваат без никакво образложение. Државата потрошила огромни суми пари за да поминат безброј обуки и сето тоа се фрла во вода. Од кои причини ги распоредувате? Го прашуваме директорот на БЈБ со која цел се распоредени специјалците. Дали знаете дека со ова сериозно се влијае на безбедноста на државата заради недостаток на стручен кадар како специјалци како во ЕСЗ, така и во ЕБР? Свесно ја ослабувате ЕСЗ. Од Единицата за брзо распоредување - ЕБР долгогодишни специјалци се ставени да обезбедуваат куќарки. Има ли крај ова лудило почитуван директоре и почитуван министре?, реагираат од Синдикатот.

Ги прашуваат и членовите на како што велат, т.н. „единствен репрезентативен синдикат во МВР“ кои се дел од овие комисии - 

Што правевте при донесувањето на одлуките за распоредување на наведената категорија на работници како во овој, така и во изминатиот период? Дали барем еднаш се спротиставивте на некое незаконско решение?“, се вели во реакцијата на Синдикатот на полицијата во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава