04 Мај, 2024
0.0268

Синдикатите удрија: Ако бизнисот добие вицепремиер, ние да предложиме министер!

Објавено во: Економија 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Синдикатите се противат на идејата бизнис заедницата да даде човек за вицепремиерското место. Соработка мора да има, но таа треба да биде трипартитна и во рамки на Економско социјалниот совет, сметаат синдикалните претставници.

Дел од нив сметаат дека тие треба да го понудат министерското место за социјала, за да бидат еднакво застапени како и бизнисот.

Според Здравко Савески од Левица, поставувањето на претставник на крупниот капитал за вицепремиер за економски прашања и, следствено, за личност кој ќе ги држи уздите на економската политика на новата влада, претставува веќе видена работа која завршуваше со водење политика на штета на обичниот народ во Македонија.

-Ако на СДСМ воопшто му значи нешто социјалдемократската идеологија која наводно ја застапува, во најмала рака треба да бара решенија на линија на социјалното партнерство и да се држи неутрално во однос на социјалниот судир помеѓу трудот и капиталот. А ако одбира страна, тоа да биде страната на трудот, а не на капиталот. Ако СДСМ инсистира вицепремиер за економска политика да биде претставник на крупниот капитал, тогаш треба да делегира вицепремиерска позиција и за претставниците на трудот, за синдикатите. Или, барем, синдикатите да го добијат Министерството за труд и социјална политика. За да има директен линк помеѓу работниците и новата влада, исто онака како што претставниците на капиталот бараат директен линк помеѓу бизнис заедницата и новата влада, вели Савески.

Од друга страна бизнисмените не сметаат така.

Барањата на бизнисот ќе се филтрираат низ академската фела и потоа истите ќе ги носиме во влада за да се земаат конкретни одлуки, досега како стопанство бевме игнорани од владата цела деценија, и затоа сметаме дека е важно бизнисот да има свој претставник во власта, вели за Фактор, Неби Хоџа, предлог на Стопанската комора на северозападна Македонија за вицепремиер за економски прашања во идната влада

Фактор: Вие сте предлог на Стопанската комора на северзоападна Македонија за предлог за предлог за вицепремиер за економски прашања, зошто ова место е важно за бизнисот?

Хоџа: Бидејќи во овој случај, бизнисот ќе биде рамо до рамо со владата каде се предлагаат и креираат политики за економски развој. Важноста на оваа место за бизнис заедницата е најзначајна бидејќи ние ќе бидеме превенција на погрешните политики заради тоа што ќе бидеме внатре во процесот, а не како што последниве години кога ги сносевме само последиците и истите ги коментиравме и на инстите реагиравме преку медиуми или со писма. Не бевме воошто консултирани. Затоа инсистиравме повеке од 10 години  да бидеме дел од владините политики.

Откако Стопанската комора на Северозападна Македонија го предложи Неби Хоџа за вицепремиерското место, и останатите бизнис асоцијации излегоа со свои кандидати. Стопанската комора на Македонија го предлага Кочо Анѓушев, додека Александар Зарков е предлогот на Сојузот на стопански комори. 

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?