СИНДИКАТОТ ЈА ПРЕСМЕТА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЦА ЗА ЈУЛИ - драматично зголемување од над 7.000 денари

Објавено во: Економија 09 Август, 2022
Новата синдикална потрошувачка кошница за јули, достигна дури 47.043 денари, дознава Фактор.
Според
нашите информации, новата синдикална кошница веќе е пресеметана, и таа би
требало да биде објавена во текот на денешниот ден.
Ако се има предвид дека во јуни годинава синдикалната кошничка изнесуваше 39.710 денари, тоа значи дека само за еден месец таа е зголемена за дури 7.332 денари.
Ова е голем пораст на синдикалната кошница за еден месец, кој говри дека едно просечно четиричлено домаќинство веќе во јули требало да издвои за дури 7.300 денари повеќе за основните ивотни потреби доколку сакало да се прехрани.
За исхрана и пијлоци во јули едно семејство треба да потроши 17.843 денари, што е дури 44 отсто од сите потреби.
За домување трошоците се 12.374 денари или 30,5 проценти, а за хигиена тие изнесуваат 2.760 денари. Трошоците за превоз се 3,500, за облека и обувки 2.200, за култура 1.068 денари, а за одржување на задравје 785.
На сите овие трошоци сега се додаваат и околу 6.500 денари за инфлацијата, која во јули изнесуваше драматични 16 отсто, како што објави Државниот Завод за статистика.
Според нашите информации, во пресметките на ССМ сега неминовен критериум е и инфлацијата од 16 отсто, односно неопходно е сега да се додаде и таа сума, со оглед што порано инфлацијата била незначителна на годишно ниво, но сега е висока и реално ги обезвреднува парите, па и таа треба да се пресмета во синдикалната кошница.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати
