СИРИЈЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ВО ЕВРОПА: По колку пари им даваат земјите од ЕУ?
Објавено во: Свет 04 Март, 2017
Околу 1 400 000 мигранти дошле во ЕУ, покажуваат официјалните податоци на Евростат.
Излегува сепак, дека Сиријците меѓу нив се само една третина - 425 880. 226 410 од мигрантите во рамките на Унијата се Авганистанци, 159 425 - Ирачани, понатаму има бегалци од Нигерија, Пакистан, Сомалија и Ирак.
Најатрактивна за бегалците е Германија, каде што добиваат по 359 евра месечно за возрасен член од семејството.
Во Велика Британија, помошта за бегалците е 36 фунти неделно или 210 евра месечно.
Доволно дарежлива кон мигрантите во исто време е и Франција, каде по 300-340 евра добиваат и оние кои чекаат да добијат статус на бегалци.
Во Шведска, каде има најмногу бегалци по глава на жител (8,4% при просек за Европа од 1,2%), кандидатите за статус бегалец добиваат од 60 до 225 евра.
Во Финска првично бегалците добиваат бесплатна храна и засолниште, а за нив има и 92,62 евра месечно за облека и хигиенски средства.
Во Белгија месечната сума за бегалци е 220 евра за човек од семејството.
Во Австрија тие добиваат за интернат 50 евра месечно и по 5 евра за храна дневно.