Сириската одбрана го срушила рускиот борбен авион со 15 воени лица
Објавено во: Свет 18 Септември, 2018
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сириската воздушна одбрана ненамерно соборила авион за надзор над источното Средоземно Море, убивајќи 15 воени лица, но според портпаролот Игор Конашенков за тоа е виновна израелската армија која го навела непријателот на таква помисла и погрешна проценка со напади токму во тие моменти.
„Ова е апсолутно спротивно на духот на руско-израелското партнерство“, цитиран е Конашенков.
Авион од типот „Ил-20“ исчезнал од радарот на 35 километри од сирискиот брег, претходниот ден во околу 23 часот по локално време кога израелски воени авиони „Ф-16“ нападнале сириски објекти во провинцијата Латакија, наведоа од Министерството.
Беше наведено дека авионот се враќал од воената база Хмеимим во Латакија, каде се стационирани најголемиот дел од вооружените сили на Русија во земјата.