СИРИЗА ги повика Грците на протест против политиката на Владата
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2015
Владејачката партија во Грција, СИРИЗА повторно го повика грчкиот народ да го земе своето учество во генералниот штрајк против неолибералната политика, предводена од владата на премиерот Алексис Ципрас.
Ова е втор штрајк во последните недели во Грција кој се одржа денес, 3 декември. Со својата изјава, како и пред штрајкот на 12 ноември, СИРИЗА го осудува „тешкото наследство“ од претходните влади.
„Народната борба, јавното движење и барањата на вработените се одлучувачки фактор за реалната демократија“, се вели во обраќањето на СИРИЗА.