СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО МАКРОН: Што значајно денеска ќе соопшти францускиот претседател?
Објавено во: Свет 10 Декември, 2018
По повод протестите на Жолтите елеци, францускиот претседател ќе и се обрати на нацијата.
Емануел Макрон ќе се обрати од Елисејската палата, но засега не е познато што точно ќе каже. Претходно портпаролот на владата Бенџамин Гриво кажал дека Макрон ќе даде значајна изјава.
Соработниците на Макрон исто така најавија дека во петок претседателот ќе и се обрати на нацијата во почетокот на неделава. Макрон веќе го укина највеното зголемување на таксата на горивото, но тој потег не ги заврши протестите на припадниците на движењето Жолти елеци, кои бараат помали даноци, зголемувањ на минимална заработка и пензии.
Францускиот министер за внатрешни работи Кристов Кастане кажа дека 135 лица се повредени во протестите во Париз, вклучувајќи 17 полицајци. Уапсени се безмалку 1000 луѓе, 620 во Париз, бидејќи полицијата пронашла потенцијално оружје како што се чекани, безбол палки и слично.