29 Април, 2024
0.0255

СИТЕ ПОГЛЕДИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - можно ли е да ги зголеми каматите за 0,5 процентни поени?

Објавено во: Финансии 21 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Сите погледи денеска се вперени кон денешниот состанок на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) во Франкфурт, кој соочен со инфлација надвор од контрола, веќе, по децении, нема да може да избегне заострување на монетарната политика, пишува Poslovni.hr.

Главното прашање колку ќе пораснат референтните стапки е се уште отворено бидејќи во медиумите протече информација дека ЕЦБ размислува да ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени, наместо за очекуваните 25 поени.

Инфлацијата повторно го урна рекордот во јуни, достигнувајќи 8,6 отсто во еврозоната, со очекувања дека ќе продолжи со нагорниот пат, се додека не се случи намалување на цените на енергијата и храната.

Досега ЕЦБ најмногу го потценуваше растот на новите цени (до неодамна инсистирајќи на тоа дека инфлацијата е привремена и минлива), но се очекува таа да забави дури на крајот на годината. Извесно е дека ќе остане над целта од 2 отсто и во текот на 2024 година.

Најавата за благ пораст на цената на парите, особено во споредба со поагресивниот пристап на американската ФЕД, за многумина е бавна и неадекватна реакција на Франкурт. Сепак, претпазливоста е последица на неизвесната економска ситуација во Европа, дополнително отежната од последиците од војната во Украина.

Со висока инфлација и забавување на растот, за многумина е прашање на денот кога Европа ќе западне во рецесија поради енергијата, а ЕЦБ размислува да ги зголеми каматните стапки за да ја забави инфлацијата. Во исто време, овој потег ќе ги поскапи задолжувањата (и рефинансирањето) за веќе длабоко задолжените членки како што е Италија, која во моментов е потресена од политичка криза која исто така влијае на приходите.

Голем број земји-членки веќе им препорачаа активни мерки за штедење на своите граѓани и економии пред подготовките за грејната сезона, која зависи од (рускиот) гас.

Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?