13 Мај, 2024
0.0279

Сите во Владата со мобилни на „државна“ сметка

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Со одлука потпишана од премиерот Зоран Заев од 20 ноември право на користење на службен мобилен телефон со ограничена сметка во Владата веќе имаат шефот на канцеларијата, заменик-шефот на канцеларијата, посебните советници, кабинетските службеници..... Со мобилни телефони на државна сметка се стекнуваат и претседателите и членови на советите именувани од Владата, како и функционерите на кои платата им ја одредува Владата.

Сумите на ограничените сметки се движат од 2.740 денари месечно за шефовите, 1.920 за посебните советници, 1.180 за кабинетските службеници. Корисниците може да бидат задолжени само со една СИМ картичка (телефонски број) и само со еден службен мобилен телефонски апарат.

Со претходната одлука потпишана од Никола Груевски во 2010-та досега право на службен телефон со сметка која ја покрива државата имаа само министрите (2.740), нивните заменици (1.920), генерален секретар (2.350), раководителите на секторите и одделенијата, државните советници и државните секретари во министерствата.

Не е познато колкава ќе биде вкупната бројка на корисници со оваа измена, а единствено е познато дека она што го покажа ребалансот на буџетот за 2018-та е вкупна бројка на вработени од 396 во Владата. Според новиот ребаланс, Владата како државен орган до крајот треба да потроши 2,27 милијарди денари, а расходите во просек по вработен за 2018-та се 1,4 милиони денари за оваа година.

Црвенковски ја ограничи сметката, Груевски ја направи „без лимит“

Претходната структура на оние „малкумина“ кои досега имаа право на службен мобилен телефон на државна сметка до сега беше непроменета 15 години, а прв оваа одлука ја потпиша Бранко Црвенковски како тогашен премиер во 2003. Единствената разлика од тогаш до денес е што првичните дозволени лимити беа до 8.000 денари месечно за министри, 6.000 за нивни заменици, 7.000 за ген.секретар се до 2.500 за заменици раководители на сектор и раководители на одделенија. Суштинско во оваа одлука беше што функционерите беа должни разликата од утврденото ограничување и висината на сметката сами да ја надоместат, освен ако не станува збор за повици од странство.

Никола Груевски со измена на одлуката во 2007-ма ова ограничување на трошењето практично го направи без лимит бидејќи беше додадено дека државата освен повиците код странство, надоместува и „зголемен обем на службени разговори“. 

Сметките се намалуваат хронолошки

Ограничувањето на дозволените суми на државна сметка се намалуваат хронолошки, па во 2006-та со потпис на Груевски се менува одлуката до максимални 7.000 денари месечно за министри, 5.000 за нивни заменици и 6.000 за ген.секретарот, како и намалување и за други високи функционери. 

Сумите за сметките се намалуваат на два пати во 2009-та за сите функционери. На министрите тогаш им е одредена максимална сума од 4.900, а потоа повторно истата година им се намалува на 3.920. Денешниот лимит на министрите од 2.740 денари се носи во 2010-та и од тогаш не е променет.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра